Голема операција на Европол против рускиот незаконски имот

Европол / Фото: Архива

Европол заедно со земјите-членки на ЕУ, со Европравда и со Фронтекс вчера почнаа операција наречена „Оскар”, насочена кон руски поединци и компании, кон кои се воведени санкции поради  војната во Украина.

– Операцијата има за цел да ги поддржи финансиските истраги во земјите-членки на ЕУ против незаконски имот во сопственост на физички и правни лица санкционирани за руската инвазија на Украина, се наведува во соопштението на Европол.

Операцијата исто така е насочена кон откривање на „непочитување на трговските и економските санкции наметнати од ЕУ”.

„Оскар” ќе трае најмалку една година и ќе се состои од голем број различни истраги, додаваат од Европол.

Европската агенција за судска соработка Европравда ќе ја олесни размената на стратешки и оперативни информации, ќе обезбеди правна помош и поддршка и ќе ја зајакне соработката меѓу националните истражни и судски органи.

Додека Фронтекс ќе го засили надзорот на луѓето кои ја минуваат надворешната граница на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот