фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Голема чест за Новак Ѓоковиќ на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ, најтрофејниот тенисер на Австралија опен, ќе добие статуа во Мелбурн Парк. Ова го потврди и директорот на првиот Грен слем во сезоната, Крег Тајли.

„Тој тоа го заслужи“, рече Тајли.

Статуа на Ѓоковиќ ќе биде поставена пред арената Род Лејвер. Инаку, во кругот околу најголемиот стадион во комплексот веќе се поставени мали бисти на големи тенисери, повеќе или помалку локални.

„Би сакал да имаме многу статуи на големи тенисери. Секоја година поставуваме нова статуа на Австралијанец и оваа област е посветена на тенисот“ – се зборовите на Тајли.

Да потсетиме дека српскиот тенисер Ѓоковиќ 10 пати го освои Австралија опен, последен пат во 2023 година.

Годинава испадна во полуфиналето, откако по завршувањето на првиот сет го предаде мечот против Александер Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот