
Ѓоковиќ со страшна жрепка на „Ролан Гарос“, пред финалето Надал и Федерер!
„Кралот на земјата“ Рафаел Надал ќе атакува на 14 титула во Париз, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе ја бара шансата да му се приближи на Шпанецот и на Рожер Федерер по бројот на грен слем титули.
Препорачано
Жрепката одлучи, Ѓоковиќ и Надал би можеле да се сретнат во полуфиналето на „Ролан Гарос“ кој официјално ќе стартува на 30 мај, а се очекува да заврши на 13 јуни.
Овој грен слем би можел да биде уште поинтересен, односно Ѓоковиќ пред Рафа би можел да ги одмери силите со уште еден голем ривал, Федерер.
Доколку Швајцарецот успее да се врати во потребната форма на париската подлога во четвртфиналето ќе се судри со најдобриот тенисер на светот.
Roland Garros men’s singles draw pic.twitter.com/MLTVRxgXHd
— Michal Samulski (@MichalSamulski) May 27, 2021
Надал е веќе во Париз и се подготвува на настапот на еден од своите омилени турнири, а Ѓоковиќ настапува моментно во Белград каде што денеска обезбеди пласман во полуфиналето.
Во делот каде што се Рафа, Ноле и Федерер се наоѓаат уште Матео Беретини, Андреј Рубљов и полуфиналистот од 2020 година, Диего Шварцман. Во „подолниот“ дел од жрепката се Даниел Медведев, Доминик Тим, Стефанос Циципас, Александар Зверев..
Ѓоковиќ експресно во полуфиналето на турнирот во Белград, загуби само еден гем