Ѓоковиќ има предлог како да им се помогне на послабо рангираните тенисери

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, е активен и во време на пандемијата на коронавирусот и кога тенисот е суспендиран.

Прво и помогна на родната Србија со донација од милион евра, е неделава се дозна дека истата сума на донирал за болниците во Бергамо и во Ломбардија кои се во жариштето на коронавирусот во Италија.

Сега на ред дојдоа и тенисерите, тие послабо рангираните кои јавно се пожалија дека се наоѓаат на работ на егзистренцијата и побараа помош од своите колеги кои заработуваат највеќе.

Ѓоковиќ кој е и претседателот на советот на тенисери изнесе предлог со кој првите 100 тенисери на АТП ранг листата ќе им помогнат на послаборангираните.

Претседателот на советот на тенисери предложи најдобрите 100 тенисери на АТП ранг листата да донираат суми од 5.000 до 30.000 долари во фондот за поддршка на послабо рангираните тенисери. Вкупните донации од тенисерите, грен слем турнирите, одредени спонзори, може да достигнат до четири милиони долари, што е одлична сума.

Најдобрите пет во светот да донираат по 30.000 долари, тие од 5. до 10. место да уплатат по 20.000 долари, тенисерите од 11. до 20. позиција да уплатат по 15.000 долари, оние од 21. до 50. место да платат по 10.000 долари, додека играчите од 51. до 100. место ќе уплатат по 5.000 долари во фондот.

Најдобрите 20 тенисери  во дубл исто така ќе донираат по 5.000 долари, а тоталната сума би изнесувала 1.050.000 долари – изјави новинарот на „Њујорк тајмс“, Кристофер Клари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот