
Годишниот концерт на „Битрикс“ со наслов „Грувај со нас“ ќе се одржи во МКЦ
Грув, енергија, пасија се само некои од работите кои ќе ги видите на сцената во МКЦ. Заедно со сите точки, подготвени се и неколку изненадувања за публиката и за поддржувачите. Концертот ќе се одржи на 14 јуни, во 20 часот, во МКЦ – Кино „Фросина“, известија од тимот на „Битрикс“, културно-уметнички центар за уличен танц.
Препорачано
„Битрикс“ се повеќекратни шампиони на локални, регионални, интернационални и светски натпревари. Тие се креатори на платформите „Битрикс Танцова Лига“, „Битрикс Спешлс“, „ВАДА-Виртуелна Американска Танцова Академија“ со Амбасадата на САД, „Познат рефрен“ со „Јуроп хаус Скопје“ и други.
Креатори се на многу танцови претстави во мешани жанрови, меѓу кои и најуспешната „Тишина“, премиерно изведена во Националната опера и балет во 2018 година. Со истата претстава, а поддржани од УНИЦЕФ, патуваат низ 15 градови низ С Македонија.
На годишниот концерт за 2023 година ќе се претстават танчарите-членови на „Битрикс“ во изведба на танцови кореографии по хип-хоп, современ танц и денсхол, а во кореографија на Елена Стојкоска, Надја Лукановска, Ива Георгиева, Михаела Дамчевска, Ана Ковачка, Теодора Ковачка, Мила Стојановска, Јана Лукровска, Никола Игновски и Јована Зајкова.