Гоца Тржан и Радомир Новаковиќ
Гоца Тржан и Радомир Новаковиќ / Фото: Инстаграм, Гоца Тржан

Гоца Тржан отворено околу борбата за дете: Депресивно е, но морам да најдам сила

Пејачката Гоца Тржан отворено раскажа дека многу тешко се носи со фактот дека со години не може да забремени со сопругот Раша Новаковиќ. Таа пред две недели одново беше на вонтелесно оплодување во Прага и деновиве ќе дознае дали е процесот успешен.

Таа ја отвори оваа тема многу искрено, особено кога станува збор за соочувањето со реалноста и можните неуспешни резултати кои се дел од оваа голгота.

„Кога и да ми кажат дека вонтелесното оплодување не е успешно, паѓам во депресија. А потоа се прашувам:Зошто го правам ова? И секој пат морам да најдам одговор и сила да продолжам понатаму. Ќе вреди ако успеам! Силата ја црпам од љубовта кон животот. Опкружена сум со луѓе што ги сакам, добри книги и музика – вели пејачката, и дека овој процес многу влијае на нејзиното тело, но и мисли.

Борбата за потомство звучи благородно, вели таа, но се работи за многу тешка мака и притисок од околината.

„Не е воопшто лесно да истрпите хормонска терапија. Еден месец се чувствувам како да сум полудена, и имам биполарно нарушување, имам лоша волја… Стомакот ми потекува затоа што задржувам вода. Мозокот ми потекува! И потоа после сите тие нешта, следи неизбежното прашање – Дали ви успеа вонтелесното оплодување? Ма, ајде бегајте таму веќе. Преку глава ми е да одговарам на овие прашања, затоа што тоа е моја интима и е многу чувствителна – искрена е Гоца.

Пејачката од бракот со Иван Маринковиќ ја има ќерката Лена, која е тинејџерка, а сега најголема желба и е да добие дете со Рашо.

„Сакам бебе со човекот што искрено го љубам, кој е внимателен, паметен и во кого имам доверба. Тоа и не е толку негова потреба, колку моја“ – вели Гоца.

По четири неуспешни обиди на инвитро, таа размислуваше да посвои дете, но и тука наиде на препреки. Според српските закони, жена од 48 години не може да посвои новороденче, затоа што разликата помеѓу посвоеното дете и родителите-старатели не смее да биде поголема од 45 години.

ФОТО | Гоца Тржан и нејзиниот сопруг ја слават љубовта како на почетокот: „Само со тебе се чувствувам слободна, те љубам засекогаш“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот