Го „умре“ папата на Божиќ: Новинарка направи лапсус во програма во живо

Папата Франциск / Фото EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Најголемата британска комерцијална медиумска организација „ИТВ Њуз“, погрешно објави дека Папата Франциск починал, за време на телевизиската програма во живо за Божиќ.

Водителката Кајли Пентелоу случајно рече дека папата умрел додека зборуваше за неговото годишно, божиќно обраќање.

Новинарката известуваше за повикот на папата луѓето да се вакцинираат, па кога ја направи грешката рече дека вакцините треба да бидат достапни на оние на кои им се најпотребни, па по грешка додаде: „Неговата смрт е објавена…ах извинете“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот