Го стигна кармата: Нејмар им се насладуваше на поразите на другите, а на крајот тој плачеше како мало дете

epa08621066 Neymar of PSG reacts after the UEFA Champions League final between Paris Saint-Germain and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 23 August 2020. Bayern Munich won 1-0. EPA-EFE/Matt Childs / POOL

ПСЖ загуби во финалето на Лигата на шампионите од Баерн Минхен, а сцените по натпреварот ги одбележа уплаканиот Нејмар. Имено, Нејмар плачеше како мало дете кога поминуваше покрај шампионскиот пехар, и тој гест наиде на одобрување кај поголем дел од фановите, но не и кај одреден дел од медиумите кои го сметаат за лицемер.

Нејмар/EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Причината за тоа е неговото лицемерие е тоа што на патот до финалето во ЛШ тој по победите им се ситеше на своите противници.
Се заполна со осминафиналната пресметка и дуелите со Борусија Дортмунд и Ерлинг Халанд. Младиот Норвежанец ги постигна двата гола за Борусија во првиот натпревар (2:1) и ги прослави на вообичаен начин, со поза како медитира.

Во реваншот ПСЖ славеше со 2:0, а фудбалерите победата ја прославија така што ја прифатија идејата на Нејмар и сите седнаа на теренот и зазедоа поза како да медитираат.

фото: twitter/PSG

Во четвртфиналето, ПСЖ со два гола во финишот ја елиминира Аталанта, а Нејмар и фудбалерите на ПСЖ пласманот во следната фаза го прославија така што славењето на стрелецот на победничкиот гол на социјалните мрежи го нарекоа „Танцувај како Чупо“ што е потсмевање на одамна познатиот танц на играчот на Аталанта, Папу Гомез.

Во полуфиналето ПСЖ го совлада Лајпциг, а Нејмар тоа го одбележа со слика на која пие енергетски пијалок Ред Бул, компанија која е сопственик на германскиот тим. Откако го испи пијалокот тој порача „Тато е во финале“.

фото: Инстаграм

Токму поради тоа сликата на Нејмар како плаче по поразот од финалето, дел од медумите тоа го протолкуваа како карма и порачаа дека треба да ги респектира противниците откако ќе ги победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот