
Го сочува богатството од 10 милиони евра: Ана Ивановиќ се обезбеди по разводот од Бастијан
Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер го завршија својот брак пред судот, по девет години заеднички живот.
Препорачано
Двојката не сакала да прави „драма“ од раскинувањето, па затоа сè решиле подалеку од јавноста. Наводно решиле целиот заеднички имот да им го префрлат на децата, за да нема кавги и уште поголем раздор.
Адвокатот на поранешната тенисерка потврди и дека официјалната врска дефинитивно е завршена, а како што е наведено, причината се таканаречените непомирливи разлики меѓу сопружниците. Тие исто така одлучија дека старателството ќе биде поделено, а Ивановиќ ја доби куќата каде што сега живее со своите синови, пренесува „Телеграф“.
Инаку, Ана Ивановиќ пред бракот имала околу 20 милиони евра, додека Бастијан Швајнштајгер имал 90 милиони евра. Како што тогаш објавија медиумите, секој од сопружниците го задржал својот имот стекнат пред бракот. Ана на тој начин ги заштитила десетте милиони евра што ги имала на својата сметка, додека Бастијан го инвестирал поголемиот дел од своето богатство во недвижности.
Познато е дека Ана Ивановиќ има доживотен договор со познат светски бренд вреден над 100 милиони евра, тоа беше исто така дел од предбрачниот договор и тие пари не требаше да се делат. Пред бракот, сопружниците се согласија да водат одделни банкарски сметки.
Во годините што следеа, Ана и Бастијан инвестираа не само во своето семејство, туку и во луксузни недвижности низ Европа.
Во Вестендорф, Австрија, тие изградија куќа од 400 квадратни метри, вредна околу 3,5 милиони евра. Ана пред бракот поседувала вила на Мајорка, но ја реновирале заедно. Има 950 квадратни метри, пет спални соби, базен и тениски терени. Нејзината вредност е околу 6,5 милиони евра. Двојката поседувала и јахта вредна околу 400.000 евра, идеална за одмор далеку од очите на јавноста.