Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Го изгубила сопругот четири дена по венчавката, а сега е првата трансродова жена во Конгресот

Сара Мекбрајд (34) влезе во историјата со тоа што стана првата отворено трансродова личност избрана во американскиот Конгрес.

Сара е родена на 9 август 1990 година во Вилмингтон, Делавер. Таа покажала интерес за политика уште од рана возраст. Нејзиниот татко Дејвид Мекбрајд се присетил на моментот кога Сара на 11-годишна возраст поставила американско знаме во својата соба и го рецитирала инаугуративното обраќање на Френклин Д. Рузвелт, пишува „Јаху“.

Според Nation Women’s History Museum, додека студирала на Универзитетот во Вашингтон, Сара била избрана за претседател на студентското тело. Во нејзината последна недела на функцијата, во 2012 година, таа јавно објави дека е трансродова жена, привлекувајќи го националното внимание и етаблирајќи ја како големо име во ЛГБТК+ активизмот.

Животната приказна на Сара е одбележана и со голема загуба. Нејзиниот сопруг, Ендру Креј, исто така ЛГБТК+ активист, почина од рак само четири дена по нивната венчавка во 2014 година. И покрај загубата, Сара ја продолжи својата борба за еднаквост, честопати наведувајќи ја страста на Енди како инспирација за нејзината работа.

Во својата книга „Tomorrow Will Be Different: Love, Loss, and the Fight for Trans Equality“, Сара детално го објаснува своето искуство во транзицијата, нејзината љубовна приказна со Енди и предизвиците со кои се соочила како трансродова жена во политиката. Пред четири години таа стана првата трансродова сенаторка во историјата на САД и највисоко рангирана трансродова политичарка во САД, каде што се стекна со признание за нејзината работа во областа на здравствената заштита и правата на ЛГБТК+ заедницата.

Сара Мекбрајд сега е избрана во Претставничкиот дом на Соединетите држави, со што стана првата отворено трансродова личност во американскиот Конгрес. Како демократска кандидатка, таа победи републикански противник во трката за единственото претставничко место во Делавер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот