Гласините за 5Г мрежата и коронавирусот ги предизвика Хрватите: Искршија опрема вредна 15.000 евра

Фото: EPA-EFE/LONG WEI

Општината во февруари постави опрема за безжичен интернет, што во Бибиње предизвика гласини дека „општина во тајност, преку ноќ инсталирала опрема за 5Г сигнал“.

Изминативе денови имаше случаи на палење на 5Г антени и уништување на опрема во Велика Британија и Холандија, што главно беа поттикнати од гласините, за кои нема без никакви докази, дека постои поврзаност на воведувањето 5Г технологијата и пандемијата од коронавирусот.

Нешто слично се случи во Хрватска. Имено, во општината Бибиње во Задарската жупанија, дошло до уништување на неодамна поставената Wi-Fi опрема која ја финасираше ЕУ, во рамки на проектот Wifi4EU.

Тоа најверојатно довело до вандалскиот чин, во кој делумно е уништена опремата поставена врз зградата на тамошниот спортски центар, пренесува Баг. Уништените уреди се дел од опремата поставена на три места во тоа градче, чија вкупна вредност е 15.000 евра.

Оштетувањето е брзо забележано бидејќи уредот престанал да работи. Бидејќи просторот на кој се наоѓа опремата бил покриен со видеонадзор, надлежните се надеваат дека полицијата ќе го пронајде „одмазникот против 5Г мрежата“.

Од општината ги демантираа гласините за инсталирање на 5Г опремата, означувајќи ги како „невистинити информациите, и лаги кои некој ги пласира во јавноста“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот