фото: ffm.mk

Ѓурѓевиќ: ВАР системот ќе го унапреди македонскиот фудбал

Во изминатиот период Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат во нашата земја организираше и спроведе официјален ВАР семинар, како значаен чекор во процесот на имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал.

Семинарот се одржа под водство на реномираниот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, еден од првите ВАР судии на ФИФА и етаблирано име во светски рамки, кој работел како ВАР менаџер во Кипар, Белорусија, Саудиска Арабија и Русија.

– ВАР е само еден сегмент кој ќе ги следи позитивните случувања во македонскиот фудбал и тоа е сигурно. Грешки ќе се случуваат, тука нема никакви дилеми, но големи, скандалозни судиски одлуки со ВАР, не би требало да се случуваат. Ако судиите го применуваат ВАР протоколот, правилата на игра и инструкциите од ФИФА, УЕФА и Судиската комисија на ФФМ, сигурен сум дека ќе го подобрат квалитетот на своите одлуки. Клубовите ќе имаат еднакви услови, а фудбалот ќе биде почист – вели Ѓурѓевиќ во интервјуто за ФФМ.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, нагласи дека еден од клучните приоритети на Федерацијата е создавање професионален и квалитетен домашен фудбал.

– Претседателот на ФФМ не само што ни овозможи се што ни беше потребно, туку дојде лично во два наврати, ненадејно, да види како тече процесот. Тоа е силна порака и голема поддршка за сите нас кои работиме на имплементацијата на ВАР во Македонија. Искрено верувам и сигурен сум дека со резултатите ќе ја оправдаме довербата и можностите кои ни се дадени – се зборовите на Ѓурѓевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот