фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Ѓоковиќ против Фучович во осминафиналето на турнирот во Женева

Унгарскиот тенисер Мартон Фучович на турнирот во Женева го победи Зизу Бергс (Белгија) со 2:0 и со тоа закажа меч од осминафиналето против Новак Ѓоковиќ.

Иако Белгиецот Бергс беше фаворит на хартија од 49 место на АТП листата, додека Фучович моментно е на 134 позиција, тој не го оправда својот повисок ранг, па српскиот тенисер Ѓоковиќ ќе игра против Унгарецот во својот прв меч на турнирот во Швајцарија, што за него е подготовка за Ролан Гарос.

Кога станува збор за самиот меч, Фучовиќ го доби првиот сет во своја корист со резултат од 6:2, користејќи три брејк-топки, додека Бергс беше доста несигурен во својот сервис, губејќи три од четири сервис-гема во сетот.

Иако поведе со 1:0, Бергс не успеа да го одржи ритамот. Потоа Фучович го засили ритамот, израмни пет гема по ред и брзо го реши сетот во своја корист.

Во остатокот од дуелот, Фучович продолжи во ист ритам – поведе со 4:2 во вториот сет и имаше самодоверба во играта, додека Бергс делуваше фрустриран и без решение за силните удари на противникот од основната линија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот