
Ѓоковиќ по победата над Зверев: Живеам за вакви натпревари!
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ славеше против Германецот, Александар Зверев во вчерашниот натпревар на Ролан Гарос и така го обезбеди пласманот во полуфиналето каде што ќе се сретне со Јаник Синер.
Препорачано
Во последниот гем од мечот, Ѓоковиќ пропушти дури четири меч топки за на крајот да ја искористи петтата за победа.
„Последниот гем беше тактички мошне специфичен. Имаше три-четири дроп-шота и од наша перспектива изгледаше како секогаш да мораш да одиграш посилно. Тоа носеше нервоза, се играше под сериозен притисок. Не беше како претходните мои мечеви со Зверев, но беше навистина импресивно“ изјави Ѓоковиќ на теренот во разговор со Алекс Кореча.
Новак откри дека во клучните моменти поддршката доаѓала и од трибините:
„ Го видов Фелисијано Лопез, мој пријател, и тој ми помогна да ја надминам психолошката тежина. Искрено, мислам дека одиграв одлично за некој со 38 години. И тоа значи нешто. Ако ме прашувате зошто сè уште сакам да се натпреварувам – ова е одговорот. За вакви мечеви живеам!“, истакна Новак.
Потоа, Кореча го поведе Ѓоковиќ кон клупата, каде што од седната позиција го анализираше драматичниот завршен гем.
„Размислував само за сервисот. Не знам како се вели тоа на француски… Се фокусирав на дишењето, немавме многу време за тактичка анализа. Имаше и малку ветер, па се прилагодував на условите. Сè функционираше, но стануваше сè покомплицирано како што одминуваше гемот. Во тие моменти буквално мислиш и на тактиката и на сето време што си го поминал на теренот“, заклучи Ѓоковиќ.