Ѓоковиќ наскоро ќе урне уште еден рекорд на Рожер Федерер

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше поразен во полуфиналето на „Австралија опен“ од Јаник Синер со 3:1, а по неуспехот реши да паузира до турнирот во Индијан Велс кој е закажан за 3 март.

За тоа време Србинот остана на позицијата број еден, а благодарение на Алкараз и Синер кои донесоа одлука да не учествуваат на турнирите во Акапулко и Дубаи, најдобриот тенисер во историјата ќе ја потврди доминацијата над „големата тројка“ на уште еден начин.

Имено, Рожер Федерер го држи рекордот како најстар тенисер кој беше на првото место на АТП листата, Швајцарецот беше број еден со 36 години и 320 дена.

Според најавите Ѓоковиќ сигурно ќе биде на првото место на 8 април и тогаш ќе има 36 години и 322 дена, што значи дека ќе стане новиот најстар тенисер на светскиот рекорд и урнат уште еден рекорд на Федерер.

ФОТО | Ѓоковиќ и Надал ги изненадија фановите со заедничка фотографија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот