ФОТО | Ѓоковиќ и Надал ги изненадија фановите со заедничка фотографија

Фото: djokernole/instagram

Новак Ѓоковиќ одлета за САД на Мастерсот во Индијан Велс, но на патот до САД српскиот тенисер имал специјално друштво, Рафаел Надал.

Средбата во авионот двајцата големи ривали на теренот ја искористија и за фотографија која ја објавија на социјалните мрежи.

„Одлично друштво на патот за Америка“, објави Ѓоковиќ на неговиот Инстаграм профил.

Надал и Ѓоковиќ се добри пријатели надвор од терените и тоа воопшто не го кријат, додека на теренот одиграле 59 меѓусебни дуели и тоа е АТП рекорд. Ѓоковиќ во овој момент води со 30:29, но поради повредите на шпанскиот тенисер од поодамна не играле еден против друг на официјален меч.

Во кариерата Надал освои 22 грен-слем титули ,додека Ѓоковиќ е рекордер со 24.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот