Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Ѓоковиќ изедначи рекорд на Пит Сампрас стар 29 години

Новак Ѓоковиќ со вчерашната победа против Станислав Вавринка освен што се пласираше во осминафиналето на Вимблдон израмни и рекорд на Пит Сампрас стар 29 години.

Сезонава Ѓоковиќ практично е непобедлив кога се играат тај-брејкови, а на тој начин го доби и третиот сет против Вавринка со 5:3. Со тој освоен тај-брејк, Ѓоковиќ го израмни рекордот на Сампрас од 12 добиени тај-брејкови во низа на грен-слем турнирите во една година.

Сампрас тоа го направи во 1994 година, освен тоа Ѓоковиќ стигна до 31. победа на Вимблдон, лидери на оваа листа се Бјерн Борг со 41 победа и Федерер со 40.

Во следниот меч за место во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Хуберт Хуркач кој веќе го победуваше на лондонската трева.

ВИДЕО | Ѓоковиќ одговори на провокациите од публиката: Не те слушам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот