Гигантите се „тепаат“ за децата на Ајакс

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Френки де Јонг веќе потпиша за Барселона, а најверојатно неговите стапки ќе ги следи и најбараниот дефанзивец во моментов, Матијс де Лихт.
Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона и фудбалерот ги договориле деталите околу платата, а понудата до Ајакс изнесува 75 милиони евра и се очекува да биде прифатена.

Голем интерес има и за ангажман на српскиот репрезентативец Душан Тадиќ, кој има фантастична сезона и на 49 натпревари има постигнато дури 32 голови. Најзагреани за неговите услуги се италијанските Милан и Интер како и неколку екипи од Премиер лигата, предводени од Тотенхем, Арсенал и Евертон.

Дони Ван де Бек се наоѓа на радарот на Милан, кој понуди 25 милиони евра за неговите услуги. Од Ајакс не сакаат да слушнат за понуда пониска од 50 милиони евра, сума која Арсенал е подготвен да ја плати.

Последен играч кој со сигурност би требало да го напушти холандскиот тим е мароканскиот репрезентативец Хаким Зијеш. Цената за стрелецот на 19 голови сезонава се движи помеѓу 35 и 40 милиони евра. Најзаинтересиран за негов ангажман е Интер, но ќе има голема конкуренција во англиските гиганти, Ливерпул, Манчестер сити и Манчестер јунајтед кои најавија дека нема да жалат пари за да дојдат до потписот со Мароканецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот