Фото: Jamie Grill / Tetra Images / Profimedia

Ги убива клетките на ракот, ја подобрува крвната слика и го чисти црниот дроб: Еден грст од ова овошје го лекува целото тело

Порано капините важеа за сезонско уживање, а денес во продавниците можеме да ги најдеме во текот на целата година. Покрај тоа што се вкусна закуска, имаат многу придобивки за нашето здравје благодарение на бројните хранливи материи што ги содржат, утврдила клиниката Кливленд. Како што објаснуваат диететичарите, капините се богати со витамини, минерали, влакна и антиоксиданти.

Кога би постоела топ-листа на најздрави намирници, капините секако би биле во топ 10. Ова овошје е богато со моќни антиоксиданти, а особено – елагитанин, кој го нема во речиси ниту една друга храна, а кој се покажал како многу ефикасен во борбата против ракот.

Овие хранливи состојки се неопходни за одржување на добро здравје, а новите истражувања покажуваат дека антиоксидантите во капините можат да ги намалат воспаленијата и да спречат многу болести, вклучувајќи го и ракот. Капините исто така се нискокалорични, а еден грст содржи само 43 калории.

Експертите велат дека оваа намирница треба да се консумира што почесто, пред сè, поради нејзините здравствени придобивки.

Придобивките што ги носи редовното консумирање капини се следните:

– Намалување на воспаленијата во телото
– Забрзување на метаболизмот
– Поттикнување на губење на тежината
– Ја чистат крвта
– Го ублажуваат лошото варење
– Го намалуваат ризикот од болести на срцето и циркулаторниот систем

Капините имаат и силно антибактериско дејство

Една грст капини дневно многу позитивно влијае на зачувување на здравјето на срцето и крвните садови. Оваа количина капини обезбедува дури осум грама диетални влакна, што е многу важно за намалување на маснотиите во крвта.

Благодарение на високата содржина на диетални влакна, капините значително придонесуваат за намалување на ризикот од дијабетес, болести на органите за варење, како што е дивертикулозата и се вреден сојузник во секоја диета.

Капините се заслужни и за силни антиинфламаторни и антибактериски ефекти. Нивниот нутритивен потенцијал е важен и за зачувување на добриот вид, го намалува ризикот од дегенерација на очите и го спречува развојот на катаракта. Исто така, делува како филтер за сончева светлина, апсорбирајќи ги опасните УВ зраци.

Освен како здрава ужина, капините се одлични и како додаток на јогуртот за појадок или овошната салата за вечера.

Поради своите нутритивни вредности и комплексни состојки, капините имаат одлично влијание на здравјето на срцето, метаболизмот и го намалуваат ризикот од мозочен удар и дијабетес.

Многу се богати со витамини, минерали и влакна и поседуваат високи антиоксидативни и нутритивни вредности. Капините имаат низок процент на калории, јаглехидрати и масти, што ги сместува на самиот врв на здрави намирници кои се пожелни во секоја диета.

Кога станува збор за нивната лековитост, тие се моќен антиоксидант и го намалуваат создавањето на лошиот холестерол. Освен тоа, го зајакнуваат имунитетот, го крепат организмот, помагаат во зачувувањето на колагенот и ги прочистуваат цревата. Поради состојката наречена бетаин, сокот од диви капини ја поттикнува правилната работа на клетките на црниот дроб и го штити додека истовремено поволно влијае и на жолчното ќесе и ги чисти жолчните патишта.

Со внесувањето на капини во организмот, се намалува ризикот од разни болести на срцето. Ова овошје содржи и кумаринска киселина која го намалува ризикот од рак на желудник, а исто така содржи и антоцијанин кој оневозможува раст и ширење на канцерогените клетки и со тоа се одличен сојузник во борбата против ракот на кожата и ракот на белите дробови.

Капините се богати со танин кој го затегнува ткивото и ги стеснува крвните садови, па со самото тоа се делотворни и во зараснувањето на раните. Некогаш капините, во традиционалната медицина, се користеле како облоги за рани.

Вино од капини – најдобар лек за анемија

Виното од капини е богато со витамини и други минерали и има голема хранлива вредност. Тоа претставува ценет и докажан лек во борбата против анемијата.

Капините може да се користат за правење сокови, слатки, џемови, вино и други производи, а истражувањата покажале дека готвењето не ја уништува нивната хранлива вредност. Свежиот сок од капини го стимулира правилното функционирање на клетките на црниот дроб и го штити, а во исто време благотворно делува на жолчното ќесе и ги чисти жолчните канали. Напивката од капини поволно делува на оние кои боледуваат од анемија поради недостиг на железо, па виното од капини е препорачливо за лекување на слабокрвноста.

Овој природен лек е исклучително богат со витамини и минерали, а резултатот од неговото дејство се постигнува по еден месец од консумирањето. Се препорачува да се пие по еден децилитар вино од капини дневно, половина час пред јадење.

Лекарите препорачуваат консумирање на еден децилитар вино од капини дневно, половина час пред јадење. Освен железо, виното содржи витамин Ц, Б, фолна киселина и пектин кои ја подобруваат циркулацијата, ја забрзуваат работата на цревата, го регулираат крвниот притисок, го зајакнуваат имунитетот, го подобруваат апетитот и ја подобруваат работата на метаболизмот.

Во домот секогаш треба да имате лист од капина за чај

Листот од капина е природен лек против дијареја (пролив) и дехидратација на организмот. Исто така, се смета дека е ефикасен во борбата против осип на кожата и лишаи и придонесува за целокупното закрепнување на телото по инфекција. Една лажица листови од капини прелијте со шолја врела вода, покријте го садот и оставете да отстои 15 минути. Процедете го чајот и пијте по две до три шолји дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот