Германскиот претседател смета дека војната против Украина е војна против европското единство

Франк-Валтер Штајнмаер. фото EPA-EFE/TOMS KALNINS

Војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина е „војна против европското единство“, предупреди германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

„Војната на Путин против Украина е и војна против европското единство. Не смееме да дозволиме да не поделат, не смееме да го уништиме големото дело на обединета Европа што го започнавме со толку многу надеж“, рече тој во својот говор даден при посетата на западниот дел на земјата.
„Оваа војна не се однесува само на украинската територија, туку влијае двојно повеќе, на заедничките основи на нашите вредности и на нашиот мировен поредок“, додаде тој.

Но, да се бранат тие вредности и да се биде нивен гарант значи и да се биде подготвен да се „прифатат болни непријатности“, истакна германскиот претседател, без да каже ништо повеќе што сакал да каже со тоа. „Дали сме подготвени за тоа? Сите се соочуваме со тоа прашање – денес и во деновите, неделите и месеците што доаѓаат“, рече тој.

„Русија не застанува со оспорување на границите, не запира со окупација на територијата на независна и суверена соседна земја, туку оди дотаму што ја оспорува украинската државност“, заклучи Штајнмаер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот