Германскиот министер за здравство бара одложување на собири со над 1.000 учесници поради коронавирусот

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска ги повика организаторите на настаните во земјата да размислат за одложување на сите собири со повеќе од 1.000 учесници во согласност со мерките за спречување на ширење на новиот коронавирус.

Шпан за ДПА изјави дека смета дека сè уште се организираат премногу настани, како што се спортски игри, концерти и саеми.

– Свесен сум за последиците што тоа ќе ги има врз граѓаните и организаторите, ќе разговараме за тоа како ќе се однесуваме кон економските последици во наредните неколку дена, рече Шпан.

Владејачките германски партии вечерва ќе се сретнат за да разговараат за повеќе мерки во време на епидемијата на новиот коронавирус.

Според последните податои, во Германија има 1.018 луѓе заразени со новиот коронавирус, и не е пријавен ниту еден смртен случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот