Германија со седум милијарди евра ќе ја помага железницата

Транспортниот сектор е меѓу најтешко погодените од глобалната пандемија Ковид-19.

Германија планира да му помогне на „Дојче Бан” со седум милијарди евра, како дел од пакетот мерки за спасување на државниот железнички оператор погоден од пандемијата на коронавирусот.

„Оваа сума би опфатила повеќе од половина од штетата предизвикана од падот на побарувачката за патувања како резултат на пандемијата, која „Дојче Бан” ја проценува помеѓу 11 и 13,5 милијарди евра до 2024 година”, се наведува во предлогот на компанијата и германските министерства за финансии и сообраќај за доделување помош.

Транспортниот сектор е меѓу најтешко погодените од глобалната пандемија Ковид-19. Иако возовите во Германија не прекинаа со работа, „Дојче Бан” соопшти дека бројот на патници на долги релации е само околу 10 до 15 проценти од вообичаеното ниво.

Првата транша од владината финансиска помош од 4,5 милијарди евра треба да биде реализирана во наредните недели, иако Европската комисија допрва треба да го одобри предлогот, што може да го покрене прашањето за нарушување на пазарната конкуренција во железничкиот сектор на ЕУ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот