Германија се откажува од воведувањето задолжителна вакцинација за сите

Вакцинација против ковид-19 во Италија
Вакцинација против ковид-19 / Фото: EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Германија се откажува од воведувањето на обврската за вакцинација против коронавирус за сите полнолетни граѓани и наместо тоа ќе воведе обврска за лицата над 50 години.

„Во моментов ја напуштаме иницијативата за воведување општа обврска за вакцинација за сите луѓе над 18 години. Наместо тоа, од есен треба да важи обврската за вакцинација за лицата постари од 50 години“, велат група пратеници околу социјалдемократскиот политичар Хајке Бахренс за законската обврска за вакцинирање.

Предлогот, кој беше претставен откако стана јасно дека законот за задолжителна вакцинација за сите полнолетни граѓани нема да има мнозинство во Бундестагот, отвори можност парламентот на почетокот на септември да гласа за задолжителната вакцинација за сите полнолетни граѓани.

Неделава Бундестагот треба да одлучи за обврската за вакцинирање, а предлог-законот со кој ќе се обврзат сите постари од 50 години да се вакцинираат би можел да има поддршка од мнозинството пратеници. Во рамките на коалицијата на социјалдемократско-зелено-либералната влада, претставниците на Либерално-демократската партија се спротивставија на општата обврска.

Самата влада, поради несогласувања меѓу коалициските партии, не изнесе свој предлог во Бундестагот, но предлог-законот беше воведен во расправа од пратеници кои не се поврзани со партиската дисциплина. Новиот закон предвидува и воведување централен регистар за вакцини, што се смета за отстапка за Христијанско-демократската унија CDU/CSU. Во Германија стапката на вакцинација е 76 отсто и е релативно ниска во споредба со другите земји-членки на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот