Германија: Навални отруен со нервниот гас „Новичок“, истата супстанца која беше најдена и кај Скрипал
Слободен печат
Пред
Германската влада денеска ги потврди сомнежите дека во примероците на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се најдени траги на нервниот гас „новичок“.
Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт рече дека е „неверојатно тоа што Алексеј Навални е жртва на напад со хемински нервен агенс во Русија’, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Зајберт додаде дека германската влада најсилно го осудува нападот и му посака побрзо оздравување на Навални.
Алексиј Навални, кој е најпознат опозиционер и критичар на рускиот претседател Владимир Путин, се лекува во болница во Берлин, откако на 20 август му се слоши на летот ос Сибир за Москва.
Тој се лекуваше во болница во Омск, а потоа е префрлен во Берлин, по што германските доктори потврдија дека постојат индиции дека е отровен.
„Новичок“е нервен гас со кој пред две години во Велика Британија е отруен поранешниот британско-руски двоен агент Сергеј Скрипал заедно со неговата ќерка.
Сергеј Скрипал – ЕПА, Јури Сенаторов
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Градот Гевгелија на 29 и 30 август беше центар на алтернативната културна сцена со одржувањето на 17-то издание на меморијалниот „БОШ Фестивал“, посветен на прерано починатиот актер Бошко Бозаџиевски, кој имаше потекло од Гевгелија. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Студија открива дека сопствениците често ги занемаруваат забите на милениците 2 Неколку …
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче во интервју за „Слободен печат“ во пресрет на локалните избори оценува дека владејачката гарнитура не ги реализирала ветувањата дадени пред минатотогодишните избори, а бројките за раст што ги споменува значат само раст на хартија бидејќи граѓаните не го чувствуваат. Според него, сите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ биле еден, …