Германија ја продолжува истрагата за експлозијата на гасоводите „Северен тек“

Фото: EPA-EFE/Danish Defence Command

Генералното обвинителство на Германија ја продолжува истрагата за експлозијата на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, изјави портпаролката на обвинителството, Инес Петерсон.

„Се што можам да ви кажам е дека нашата истрага продолжува“, рече Петерсон.

Претходно на веб-страницата на безбедносните власти на Данска беше објавено дека данската полиција ја прекина истрагата за експлозиите на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, а властите на таа земја заклучија дека има намерна саботажа на гасоводите.

Како што се наведува, во Данска не нашле доволно основа за поведување кривична постапка во врска со гасоводите „Северен тек“.

Шведскиот обвинител Матс Јунгвист на почетокот на февруари објави дека истрагата за експлозиите на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ се прекинува, бидејќи не е во надлежност на таа земја. Како што истакна, Германија ќе ја продолжи истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот