Германија и Франција ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина, Луфтханза ќе укине некои летови

Германската авиокомпанија Луфтханза
Авиони на германската авиокомпанија Луфтханза / Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Германија и Франција денеска ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина поради влошувањето на ситуацијата во источниот дел на земјата, соопштија министерствата за надворешни работи на двете земји.

Германското Министерство ги повика своите граѓани „итно” да ја напуштат Украина поради опасност од вооружен конфликт.

– Предупредуваме на опасност од патување во Украина, се вели во соопштението и се додава дека германските граѓани се повикуваат „итно да ја напуштат Украина”.

Франција им препорача на своите граѓани да ја напуштат Украина, а оние на истокот на земјата веднаш да ја напуштат областа.

– Се препорачува сите француски граѓани чиј престој во Украина не е неопходен да ја напуштат земјата, соопшти Министерството во Париз.

Се додава дека оние што се „во областите на Харков, Луганск и Доњецк”, како и во реонот на Дњепар, „се повикуваат да ги напуштат тие области без одлагање”.

Во меѓувреме, германската авиокомпанија Луфтханза соопшти дека од понеделник ќе ги прекине летовите до и од украинските градови Киев и Одеса.

Компанијата ќе ги изврши последните летови до тие градови во текот на викендот пред да ги прекине од понеделник до крајот на месецот.

Луфтханза ќе продолжи да лета до Лавов, град во западна Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот