Германија е целосно зависна од увозот на 14 клучни суровини

Германија / МИА

Германија е силно зависна од увозот на многу клучни суровини и често целосно се потпира на други земји за да ја задоволи својата побарувачка, според студијата на Ројтерс, која предупредува дека оваа зависност е најмногу од германскиот увоз од авторитарни режими, известува Хина, објави Пословни х.р.

Истражувачкиот институт ДИВ објави дека класифицирал 30 суровини како особено критични, а Германија има целосна, 100 процентна зависност од увозот на 14 од нив. За три други суровини, зависноста е рангирана над 95 проценти.

„Оваа година Русија драстично ни покажа како зависноста од суровини може да се користи од автократските режими како средство за политички притисок и сериозните економски последици од таквата зависност“, рече Лукас Менхоф, раководител на одделот за светска економија на ДИВ.

Увозот на енергија од Русија е намален од почетокот на војната во Украина, што ја зголеми инфлацијата во најголемата европска економија и ја принуди да бара алтернативни извори. Во случајот на ретки минерали неопходни во производството на електрични автомобили и турбини на ветер, Германија и Европската унија зависат од снабдувањето од Кина – повеќе од 90 отсто, покажа студијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот