Германија бара „заштитен штит“ за Украина пред претстојната зима

Аналена Бербок
Аналена Бербок / Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска го повтори нејзиниот повик за „заштитен штит“ за Украина пред претстојната зима, откако пристигна на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија во Киев.

-Тоа би вклучувало проширување на воздушната одбрана, снабдување со генератори на електрична енергија и зајакнување на снабдувањето со енергија во целина. Минатата зима го видовме бруталниот начин на кој рускиот претседател [Владимир Путин] ја води оваа војна со намерно напаѓање на електрични централи, изјави Бербок.

Министерката рече дека Путин исто така се надева дека ќе доведе до колапс на водоснабдувањето на овој начин на температури од 20 степени под нулата.

-Мораме да го спречиме тоа колку што е можно, со се што имаме, додаде Бербок.

Германија веќе и обезбеди на Украина голема поддршка, вклучително и системи за противвоздушна одбрана како Ирис-Т и Патриот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот