Герасимовски: Со 17 асистенти во училиштата овозможуваме инклузивност на децата со попреченост

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски / фото: Државен завод за индустриска сопственост

Од Општина Центар информираат дека и годинава продолжуваат со активностите за финансиска поддршка на невработени лица како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби од општинските основни училишта. Со проектот „Образование за сите”, кој е опфатен со Програмата за образование за 2022-ра година, се предвидува ангажирање на невработени лица како лични асистенти на ученици со попреченост од осумте основни училишта во општината.

-Оваа година, со проектот се опфатени вкупно 14 ученици, за кои согласно проценките на стручните служби, како и наодот и мислењата кои ги поседуваат, се сметаат за приоритетни во потребата од придружба при следење на наставата и совладување на наставниот материјал. Започнувајќи од март, предвидено е вклучување на дополнителни тројца лични асистенти, за кои дополнително се појави потреба по барање на родителите и стручните служби од училиштата, вели во пишана изјава градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Основната идеја на проектот „Образование за сите” е со употреба на различни модули да им даде поддршка на сите деца во оваа целна група во повеќе насоки: инклузија на децата со попречености во образовниот систем; подобрување на нивната социјална интеграција; поддршка при совладувањето на образовните содржини и олеснување на движењето и пристапот низ училишните простории.

Како што информираат од општината, проектот започна со целосна финансиска поддршка на УНДП и Министерството за образование, а веќе втора година по ред се реализира со комплетно финансирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот