Генијална идеја: Хрват бара 500 евра кирија за гаражата која ќе ја пренамени во стан?

Станбени згради во Хрватска/ Фото: EPA/MAURITZ ANTIN

Хрватот Сенад Јашарагиќ за околу два месеци планира да стане станоиздавач. Гаражата од 40 квадрати, која е дел од семејната куќа, тој ќе ја пренамени во еднособен стан којшто планира да го издава за 500 евра месечно.

„Мислам дека 500 евра не се премногу, бидејќи за истата сума треба да се издаваат и други станови во околината. Цената ми изгледа реална. Веќе имам неколку заинтересирани, а некои слушнаа дека ќе ја претворам гаражата во стан и ги интересираше кога, што и како“, изјави Јашарагиќ во емисијата „Данас“ на РТЛ.

Агентката за недвижности Амра Глухиќ процени дека сопственикот брзо ќе го изнајми „станот“. Просечната цена за изнајмување во Загреб е околу 14 евра за метар квадратен, пренесува Даница.хр.

„Тешко е да се најде стан со посебна спална соба за помалку од 600 до 700 евра. Станува збор за студија кои имаат сѐ во едно и кои чинат 700 евра. Подобро е да не зборуваме ни за подрумските станови, кои може да чинат 650 евра и се катастрофално уредени“, објасни таа, според хрватски Индекс.

Во однос на февруари лани, цените на кириите се зголемени за 10 отсто. Ноел Вук од Загреб една година барала стан за себе и за своето семејство, но не успеала.

„Цените се движат од 550 до 700 евра за стан од 35-40 квадрати“, вели таа.

Вук сега со семејството живее со родителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот