Гастарбајтерите се вратија дома за празниците: Зголемена фреквенција на возила во Куманово

Претпразнично сè повеќе се забележува сообраќаен метеж во Куманово. Фреквенцијата на возила е зголемена, граѓаните пазарат и се подготвуваат за празникот, а и кумановците кои работат во европските држави, се вратија дома.

Од СВР Куманово велат дека полициските службеници се распоредени на терен и согласно своите законски надлежности, преземаат соодветни мерки, доколку се случи сообраќаен метеж.

– Сообраќајните контроли се пред сè за да ја подигнеме свеста кај граѓаните и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Секој од нас, посебно во овие претпразнични денови, да се однесува одговорно во делот на сообраќајот, дали се возачите или пешаците, бидејќи сите се учесници во сообраќајот. Во името на Секторот за внатрешни работи Куманово, апелирам, посебно во овој период, граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно со цел, сите ние безбедно и смирено да ги поминеме претстојните празници, изјави Ивана Младеновска од СВР Куманово.

Кумановската полиција, велат надлежните, континуирано презема мерки и спроведува зајакнати акциски контроли за санкционирање на возила и возачи, кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Покрај дневните контроли за санкционирање возачи, кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, кои управуваат со возило под дејство на алкохол, или оние кои непрописно престигнуваат, се врши и снимање со таканаречениот „ноќен радар” за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот