фото: Слободен печат/Драган Митрески

ГАЛЕРИЈА: Вардар го совлада Пелистер во вечното дерби

На втората денешна пресметка од новото првенство, екипата на Вардар на домашен терен на Националната арена „Тодор Проески“, го совлада Пелистер во вечното дерби на фудбалска Македонија со резултат од 4:1. Домаќинот имаше повеќе од играта, ги искористи шансите во вистинско време, за разлика од противникот и заслужено славеше на дуелот.

Вардар ја имаше првата зицер ситуација во првиот дел откако Димитар Данев излезе сам пред Јовчевски. Сепак, младинскиот репрезентативецот, не се снајде најдобро во ситуацијата, не шутираше на време и шансата пропадна. На другата страна пак, Петар Ристиќ излезе сам, пред Талески шутираше, но голманот на Вардар прекрасно брани.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во самиот финиш на првиот дел, односно во втората минута од судиското продолжение, токму Димитар Данев од позиција централно во шеснаесетникот шутираше неодбранливо во долниот лев агол од голот на Пелистер за 1:0. Во вториот дел Вардар започна офанзивни и рано постигна и втор гол. Во 50 минута, Роџерс Мато со акробатски потег ја зафати топката, го лобуваше Јовчевски и влезе во голот на подалечниот дирек.

Пелистер резултатски се враќа во игра по добрата акција во 65 минута во која одлично се снајде Лука Булатовиќ кој погоди под Талески во неговата лева страна.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Сепак, домаќинот делуваше пресилно на овој дуел. Долго нафрлување дојде до Димитар Данев, кој што со дриблинг го измами директниот чувар, а потоа прекрасно погоди за 3:1. Негов втор гол на овој дуел со што дефинитивно покажа дека е топ засилување за Вардар оваа сезона.

Во судиското продолжение од дуелот, резервистот Кастањеда со соло пробив и одмерен удар со десна нога ги постави конечните 4:1 на овој дуел.

фото: Слободен печат/Драган Митрески
фото: Слободен печат/Драган Митрески
фото: Слободен печат/Драган Митрески

ПМФЛ: Убедлив триумф на Шкендија против подмладениот Шкупи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот