Г7: Да не се преземаат акции за насилно менување на светскиот поредок

фото миа

Групата на најразвиени индустриски земји во светот (Г7) предупреди да не се преземаат какви било акции за насилно менување на светскиот поредок.

– Силно ќе се спротивставам на секакви еднострани обиди за насилна промена на „статус кво“. Ќе му ја покажам на светот непоколебливата решителност на Г7 да го зачува светскиот поредок, заснован на владеење на правото, изјави шефот на јапонската дипломатија Јошимаса Хајаши на средбата со неговите колеги од Г-7, посветена на ситуацијата во индо-пацифичкиот регион.

По работната вечера, првите дипломати од Г7 денеска ги продолжуваат консултациите во јапонското летувалиште Каруизава.

Тие ќе разговараат за кинеските притисоци врз Тајван, за дејствувањето на Северна Кореја, како и за насилството во Судан.

Средбата на министрите за надворешни работи се одржува во пресрет на средбата на шефовите на држави и влади на Г7, што треба да се одржи во мај во Хирошима.

Јапонија е ротирачки претседавач на Г7, во која членуваат Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот