фото: ФФМ

Футсалците на Форца со трофејот во Купот на Македонија

Радовиш беше домаќин на финалето на Купот на Македонија во футсал во кое се сретнаа КМФ Форца 2015 од Куманово и КМФ Осогово 2022 од Крива Паланка.

КМФ Форца во салата „25-ти мај“ успеа во драматичен меч да слави со 5:4 против тимот на КМФ Осогово и со тоа да го освои пехарот.

Двоен стрелец за победникот беше Зоран Левески, а по еднаш погодија Јасир Зекири, Тауљант Исмаили и Артан Јунузи.

КМФ Форца претходно убедливо го освои и шампионатот и ќе ја претставува нашата земја во квалификациите на Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот