Насловна корица на книгата / амбиент

„Фуснота“ ќе го промовира првообјавениот роман „Големиот скандал“ на Сања Трпковска

Во кафе-книжарницата „Буква“ на 15 јуни, со почеток во 16 часот, ќе биде промовирана книгата „Големиот скандал“ од Сања Трпковска во издание на издавачката куќа „Фуснота“.

Промотор на книгата е писателката Јулијана Величковска, главен уредник е Драгана Евтимова, дизајнот на корицата го изработи Сања Трпковска, а извадоци од романот ќе чита актерот Владимир Петровиќ.

Книгата „Големиот скандал“ е роман за патувања, подароци, пасошки контроли, перничиња и плеј-листи за по пат. Приказната на двајцата патници во купето бр. 091 на железничката станица во Лондон започнува со наивно прашање – дали може да се затвори прозорецот? Конечна дестинација е Париз, директна линија.

„Големиот скандал“ е првообјавен роман на Сања Трпковска. Вториот роман „Реквием на тацна“ беше одбран во топ-три ракописи на конкурсот „Новите“ (2023) од издавачката куќа „Темплум“ од Скопје. Расказот „Пас-апорт“ беше објавен во рамките на конкурсот за краток расказ на помирување – „Бибер 04“ (2021). Сања пишува за блиското минато и идното време, застанува во сегашноста да пие кафе низ улиците и звуците на Балканот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот