Фуере: ЕУ ги одобри бугарските ставови за македонскиот идентитет

Ерван Фуере / СП. архива
Ерван Фуере / СП. архива

За споровите кои вклучуваат земји членки ЕУ треба да воведе лимити за употреба на правото на вето за да спречи натамошна злоупотреба од одделни земји членки, препорачува поранешниот евроамбасадор во земјава Ерван Фуере.

Европската Унија треба да има поактивна улога во давањето помош за решавање на билатералните спорови, користејќи сопствена експертиза и искуство во надминувањето „наследство“ од војна и промовирање на политиката на помирување, базирана на владеење на правото, препорачува поранешниот евроамбасадор во земјава, Ерван Фуере во анализа на Центарот за европска политика под наслов „Проширувањето на ЕУ и решавањето на билатералните спорови на Западен Балкан“.

Според Фуере, ЕУ треба да приспособи режим на прогресивно, условно и етапно учество за оние држави кои имаат за цел полноправно членство во ЕУ.

– За споровите кои вклучуваат земји членки ЕУ треба да воведе лимити за употреба на правото на вето за да спречи натамошна злоупотреба од одделни земји членки и за да избегне натамошна ерозија на довербата во способноста на Унијата да ги испорача дадените ветувања за регионот – вели Фуере.

Што се однесува до споровите меѓу земјите кандидати, тој смета дека ЕУ треба да биде поактивна и да ја постави основата, било со активности на постојниот специјален претставник или со назначување друг со цел охрабрување на засегнатите земји да ги најдат вистинските решенија или да го олеснат дијалогот меѓу нив. Крајната цел е да се создаде клима на доверба низ регионотшто ќе го забрза помирувањето и ќе озвоможи пристапниот процес да напредува.

Додека ЕУ нема дефиниција што претставува билатерален спор во контекст на Западен Балкан, постои листа која има широк опсег на актуелни спорови со потенцијал да го нарушат пристапниот процес или да ги ослабнат европските аспирации на тие земји. Листата вклучува демаркација на граници, признавање на државноста на некоја земја, името или идентитетот, јазикот и историјата на некоја земја, правата на етничките малцинства и одбивање да се признае нивното постоење во некоја од земјите, идентификација на исчезнати и осудени лица за воени злосторства од Балканските војни во 90-те и конфликти меѓу црквите.

Во некои случаи, како што објаснува евроамбасадорот, ова веќе негативно влијание на изгледите за членство, со демотивација и со намалена поддршка од јавноста за поткопаните политички средини во ЕУ.

Со оглед дека барањето сеопфатно решение е комплицирано бидејќи некои од споровите се меѓу земја членка и земја кандидат, тоа недвојбено значи дека какво било решение е во корист на земјата членка, која, како што се потврдило не се воздржува од употреба на вето за да наметнер став мотивиран од сопствената домашна политика. Тоа, според Фуере, значи дека земјата кандидат има мал избор ако сака да продолжи кон остварување на целта – членство во ЕУ. За да се избегне ова, тој додава дека се појавува потребата од гласање со квалификувано мнозинство со цел што е можно повеќе да се минимизира силата на ветото на одделна земја членка.

– Пример за ова е длабоко вознемирувачкиот преседан што го постави ЕУ во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. И покрај повторените повици од ЕУ сите страни „да се воздржат од злоупотреба на отворените прашања во пристапниот процес“, таа (Унијата) всушност ги одобри бугарските ставови за историјата, јазикот и идентитетот. Немањето сеопфатна стратегија или каков било институционален механизам од страна на ЕУ да се справи со овие спорови, како и во многу случаи немањето медијација од трета страна намалува каква било политичка волја да се најдат остварливи решенија – вели Фуере.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот