Фудбалските надежи поразени од Украина – Слободен печат
СпортФудбал

Фудбалските надежи поразени од Украина

Фудбалската репрезентација на Македонија до 18 години е поразена од Украина на турнир во Чешка.

Младите фудбалски надежи со 18 години со пораз го стартуваа настапот на турнирот „Вацлав Јежек“ кој се игра во Чешка. Во првиот натпревар од турнирот во Чешка, избраниците на Шкумбин Арслани загубија од Украина со 1:2.

Нашите фудбалери одлично го започнаа натпреварот, уште во четвртата минута преку Методиј Максимов успеааја да поведат со 1:0. Украинските фудбалери успеаја да израмнат во уште во првото полувреме со голот на Слусиар, а победничкиот гол беше постигнат во 82. минута и тоа благодарение на нашиот голман Николовски кој си постигна автогол по центаршутот на Украинците.

Македонија на дуелот против Украина настапи во следниот состав: Николовски, Костовски, Ѓурковски, Терзиев, Асани, Тодоровски, Николов, Станковски, Фета, Максимов, Илијевски, а играле уште и Парталко, Новевски, Рамани и Фетаи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close