Короната му направи големи проблеми на Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Јунајтед повторно ќе тренираат, помеѓу нив и Линделоф

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска ќе започнат со тренинзи, откако неколку играчи на клубот претходно беа заразени со коронавирус.

Неколку играчи на Јунајтед во понеделникот беа ставени во самоизолација случаи на коронавирус, а по новите тестови негативните играчи ќе можат да се вратат на тренинзите, објави „Би-Би-Си“.

Претходно поради коронавирусот беше одложен натпреварот од 17. коло на Премиер лигата помеѓу Брентфорд и Манчестер јунајтед.

Следниот натпревар Јунајтед треба да го одигра во сабота, на домашен терен против Брајтон. Премиер лигата во понеделникот објави дека забележала рекордни 42 позитивни случаи во последната недела.

Фудбалерите на Брајтон, Тотенхем, Лестер, Астон Вила и Норич беа позитивни на коронавирус, а одложен е и натпреварот од 16. коло на Премиер лигата помеѓу Брајтон и Тотенхем.

По воведувањето на новите мерки во борбата против омикрон, новиот вид на коронавирус, Премиер лигата на 9 декември им порача на клубовите да се вратат на вонредните мерки, вклучително и социјална дистанца и носење маски.

Судејќи по фотографиите, на тренинг е и Виктор Линделоф, кој е фотографиран при пристигнувањето во тренинг центарот на „црвените ѓаволи“. Прашање е дали ќе тренира со тимот. На мечот со Јанг Бојс почувствува болки во градите, па беше подложен на тестирање, а коронавирусот беше исклучен како потенцијален проблем за дефанзивецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот