Француски фармацевти: Ако сѐ биде во ред, вакцина за коронавирусот ќе имаме за 20 месеци

Засега не постои вакцина за коронавирус, но на нејзиниот развој работат неколку компании.

Францускиот институт Пастеур објави денеска дека основал тим кој за 20 месеци би требало да развие вакцина против коронавирусот.

Соединетите Американски Држави, Јапонија и други земји воведоа ограничување на патувањата во Кина, изворот на епидемијата, додека фармацевтите се обидуваат да развијат лек за вирусот.

Досега заразени се 10.000 луѓе, а Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба на меѓународно ниво.

Претставниците на Пастеур изјавиле дека доколку се биде во ред, вакцината во Париз би можела да биде достапна за 20 месеци.

Засега не постои вакцина за коронавирус, но на нејзиниот развој работат неколку компании.

Инаку, епидемијата на коронавирус ја надмина епидемијата на САРС од 2003 година кога заразени беа 8.100 луѓе. До денес фармацевтите не успеаја да создадат вакцина за САРС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот