фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Французин го помачи Синер: Италијанецот изгуби сет, па заврши фуриозно

Италијанскиот ас Јаник Синер мораше добро да се намачи за да обезбеди пласман во четвртфиналето на АТП турнирот во Пекинг, откако во три сета го совлада Французинот Теренс Атмане со 2:1 (6:4, 5:7, 6:0), во меч што траеше два часа и 22 минути.

Првиот сет помина во рамноправна борба, но Синер успеа да го скрши отпорот на противникот со еден брејк и да поведе со 1:0. Се чинеше дека Италијанецот ќе ја заврши работата побрзо, откако двапати имаше предност со брејк и во вториот сет, но борбениот Атмане секогаш наоѓаше начин да се врати. Во самиот финиш, Французинот направи голем пресврт и го доби сетот со 7:5, на сервис на Синер.

Но, третиот сет беше целосно во знакот на фаворитот. Синер ја подигна играта на повисоко ниво, доминираше од почеток до крај и со три брејка без загубен гем (6:0) го обезбеди своето место меѓу најдобрите осум.

Во четвртфиналето, Синер ќе се сретне со унгарскиот тенисер Марошан.

Меѓу преостанатите фаворити, и Австралиецот Алекс де Минор обезбеди четвртфинале, откако беше подобар од Артур Риндеркнеш.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Алкараз без многу мака до четвртфинале во Токио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот