Франција одлучи: Ќе испратиме тенкови во Украина

тенкови и лансири фот EPA/WALLACE WOON

Франција ќе и испорача тенкови AMX 10-RC на Украина во рок од два месеци, изјави министерот за вооружени сили на земјата.

Себастиен Лекорну рече дека ќе ги испорача тенковите до март и нагласи дека има голема поддршка за Украина во Франција.

Велика Британија, исто така, неодамна објави дека размислува да испрати тенкови Челинџер 2. Таквиот потег би претставувал голем чекор во поддршката на Западот за Украина и би можел да ги поттикне другите сојузници на НАТО, особено Германија, да го следат примерот, пишува „Скај њуз“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски долго време бара од западните земји да обезбедат тенкови Леопард II од германско производство, кои ги користат неколку европски сојузници, вклучувајќи ги Германија, Полска, Финска, Холандија и Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот