Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Стајлингот на Марија Шарапова од 13.7000 долари навистина мора да го видите!

Некогашната тенисерка гостувала во една емисија во луксузна модна комбинација која е совршена рамнотежа меѓу минимализмот и гламурот.

Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова деновиве добива многу признанија за својата блескава кариера, а постојано го оправдува и статусот на една од најдобро облечените тенисерки на светот.

Шарапова во моментот престојува во Њујорк каде свечено ѝ бил врачен официјалниот прстен на УС опен, што го освоила во 2006 година, а по тој повод гостувала во емисијата „Тудеј шоу“ на „Ен-би-си“.

Шарапова за оваа прилика избрала мошне шик стајлинг, а воедно и многу луксузен.

Марија Шарапова/Фото: RW/MPI / Capital pictures / Profimedia

Убавата Русинка избрала да носи едноставна, минималистичка бела блуза со кратки пуф ракави, кои го интензивираат впечатокот на нејзиното модно издание, а станува збор за брендот „Gabriela Hearst“, која чини 2.070 долари.

Блузата ја комбинирала со кафеаво миди-здолниште од кожа, асиметричен тесен модел којшто од колената благо се шири, а во прашање парче од истата модна куќа вредно дури 6.840 долари.

Марија Шарапова покрај тоа носела и кожена чанта од истиот бренд, наречена „Аметист“, која чини 3.500 долари, како и неутрални салонки кои се претставени под името „Едвина“, за кои издвоила 1.300 долари.

Целокупниот стајлинг на атрактивната Марија чини повеќе од 13.700 долари, а впечатокот што го оставила со својот стил едноставно е феноменален. Резултатот е елегантен стајлинг којшто одлично функционира и за дневни и за вечерни прилики, а комбинацијата од класично здолниште и блуза со впечатливи ракави направиле одличен баланс меѓу минимализмот и луксузниот ефект.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)

Марија Шарапова се враќа на тенисот?

Историјата на Вимблдон: Денот кога Шарапова ја шокира Серена и ја освои титулата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот