Фото: Instagram/ The Royal Family

ФОТО+ВИДЕО | Шкотска го одбележа крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила

На кралот Чарлс Трети му беше врачена круната на Шкотска, во Единбург, на церемонијата по повод неговото крунисување, пишува „Би-би-си“.

На националната служба за благодарност, во катедралата Сент Гилс, тој ја доби круната со скапоцени камења и жезолот, кои се дел од наследството на Шкотска. Исто така, беше прикажан и нов меч, именуван во чест на покојната кралица Елизабета Втора.

Фото: Instagram/ The Royal Family

Пред службата, круната беше донесена од замокот во Единбург, во катедралата Сент Гилс, во поворката во која учествуваа околу 100 луѓе, кои ја преставуваа Шкотска од различни аспекти. Покрај нив, повеќе од 700 членови на Кралската морнарица, британската армија и кралските воздухопловни сили беа дел од поворката.

Фото: Instagram/ BBC

Кралот Чарлс и кралицата Камила ја напуштија палатата Холирудхаус, нивната официјална шкотска резиденција и со автомобил беа приклучени во посебната поворка.

Ним им се придружија Вилијам и Кејт, кои во Шкотска се познати како војводата и војвотката од Ротези. Кон крајот на поворката, тројца музичари од поранешното училиште на кралот Чарлс свиреа на гајди.

Фото: Instagram/ BBC

На оваа свечена служба, голема улога имаше и „Каменот на судбината“, кој во мај беше однесен во Лондон, за крунисувањето на кралот во катедралата во Вестминстер.

Инаку, луксузната круна, на кралот Чарлс му беше врачена од професорот Дејвид Фергусон, кој е декан на „Кралската капела“ и декан на „Редот на Трнот“.

Фото: Instagram/ BBC

Целата служба беше проследена со почесна стрелба, со истрелување од 21 пиштол, а имаше и свечен прелет над Единбург од страна на Кралската воздухопловна сила.

Фото: Instagram/ BBC

Но, овој величенствен ден беше одбележан и со протести, кои се одржаа покрај поворката на „Кралската милја“, за време на официјалната прослава.

 

Погледнете колку вреди богатството на кралот Чарлс

ФОТО+ВИДЕО | „Главна“: Принцезата Шарлот го опоменa својот помлад брат Луис и стана вирален хит

По секоја цена сакал да спречи една работа: Кралот Чарлс ја исфрли саканата асистентка на кралицата Елизабета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот