Руски напад врз владината зграда во Киев / Фото: Украински служби за заштита и спасување / „Икс“

ФОТО+ВИДЕО: Русија за првпат погоди владина зграда во Киев, пожар беснее по жестокиот утрински удар

Рано утринава во руски напад врз украинскиот град Киев, цел бил центарот на градот, а погодена е и владината зграда, во која избил пожар, јавуваат светските медиуми. Според извештаите, две крстосувачки ракети „фламинго“ удриле врз строгиот центар на Киев, што е прв таков напад од почетокот на војната пред повеќе од три и пол години.

Оштетена е една од главните владини згради, а пожарникарите се обидуваа да го изгаснат пожарот со хеликоптери. На Фејсбук, премиерката на Украина, Јулија Свириденко, пишува дека „за првпат, владината зграда, покривот и горните катови се оштетени поради непријателски напад“ и дека спасувачите го гаснат пожарот“.

На социјалните мрежи се шират снимки на кои се гледа столбот од чад од зградата која гори. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, вели дека владината зграда била во пламен како резултат на „наводен напад со беспилотно летало“.

Руски напад врз владината зграда во Киев / Фото: Украински служби за заштита и спасување / „Икс“

Русија лансирала повеќе од 800 беспилотни летала и ракети во последниот ноќен напад кон Украина, соопштија воздухопловните сили на Украина. Според написот, 9 ракети и 56 беспилотни летала погодиле 37 локации, а соборените остатоци паднале на 9 локации.

Руски напад врз владината зграда во Киев / Фото: Украински служби за заштита и спасување / „Икс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот