Кејт Мидлтон и Меланија Трамп / Фото: Pool / i-Images / Eyevine / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Првата дама на САД се „стопи“ во друштво на најмалите: Кејт Мидлтон и Меланија Трамп уживаа во денот со младите извидници

Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија имаа многу зафатен распоред при посетата на Велика Британија, а еден од најдрагите настани за Меланија и принцезата од Велс беше средбата со млади извидници во прекрасната градинарска околина на имотот Фрогмор, кој се наоѓа во близина на замокот Виндзор, пренесува „Пипл“.

Заедно со водачот на извидниците Двејн Филдс, првата дама на Америка и принцезата од Велс навистина уживаа поминувајќи време со децата кои учествуваа во активности за учење во природа за да ја добијат својата значка „Go Wild“.

Фото: Pool / i-Images / Eyevine / Profimedia

Овој јавен ангажман ја покажа Меланија Трамп во сосема ново светло: весела, опуштена и насмеана додека среќно комуницираше со најмалите, а во еден момент беше фотографирана со дете кое седеше во нејзиниот скут. Меланија, која има донекаде резервиран имиџ во јавноста, сега повторно ја покажа својата посветла, потопла страна…

Фото: Pool / i-Images / Eyevine / Profimedia

Оваа средба покажа како првата дама на Америка секогаш среќно и ентузијастички извршува задачи поврзани со деца. Нејзината кампања „Be Best“ се фокусира на главните проблеми со кои се соочуваат децата денес, со цел да ги охрабри да бидат најдобрите можни верзии од себе, а истовремено да ги научи на важноста на социјалното, емоционалното и физичкото здравје.

Инаку, активноста се одржа во градините на Фрогмор, кој се простира на 33 хектари и крие векови кралска историја. Двете дами разговараа со интерес со децата и им подадоа грицки и тегли со мед.

Фото: Pool / i-Images / Eyevine / Profimedia

Настанот беше нивниот прв заеднички јавен ангажман и означи интересен момент во односот меѓу две моќни жени – идната кралица на Англија и американската прва дама, кои ја покажаа својата посветеност на работата со децата, како и својата посветеност на образованието и развивањето љубов кон природата.

Си-Ен-Ен: Меланија Трамп има големо влијание врз политиката, иако не е присутна во јавноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот