
ФОТО+ВИДЕО | Погледите откриваат сѐ: Кејт Мидлтон и принцот Вилијам „фатени“ во емотивен момент
Принцезата Кејт и принцот Вилијам уште еднаш ја воодушевија јавноста со своето присуство на церемонијата на Денот на Комонвелтот во Вестминстерската опатија, на 10 март.
Препорачано
Откако принцезата Кејт го пропушти настанот минатата година поради здравствени причини, овогодинашното враќање беше особено значајно, обележано не само со нејзиниот елегантен стил, туку и со искрените моменти што ги сподели со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.
Темата на овогодишниот Ден на Комонвелтот, „Заедно напредуваме“, го одразува духот на заедништво и поврзаност на 56-те земји-членки на Комонвелтот. Церемонијата, на која присуствуваа околу 2.000 гости, вклучуваше музички изведби, вклучително и Џоан Арматрејдинг и тимот за културна уметност Масаи, и говори кои ја истакнаа важноста на соработката и поддршката во неизвесни времиња.

Фотографиите на Денот на Комонвелтот доловија бројни слатки моменти помеѓу Кејт и Вилијам. Нивните насмевки и погледи, фатени со објективите на фотографот, сведочат за силна поврзаност и меѓусебна поддршка. Токму овие моменти, заедно со свечениот дел од церемонијата, привлекоа најголемо внимание во јавноста, потврдувајќи ја популарноста на овој кралски пар, принцот Вилијам и принцезата Кејт.
Отсуството на принцезата Кејт на Денот на Комонвелтот минатата година загрижи многумина. Да потсетиме, во времето кога таа се опоравуваше од планираната операција на абдоменот, по што за жал следеше дијагноза на рак. Нејзината храбра борба и последователната најава за ремисија во јануари оваа година донесе надеж и олеснување. Оттука, враќањето на овогодинашната церемонија на Денот на Комонвелтот не беше само симболично – знак за закрепнување на принцезата Кејт и враќање на кралските должности.
За оваа специјална пригода, Кејт избра црвен капут фустан од дизајнерката Кетрин Вокер, кој веќе двапати го облече и ги воодушеви сите со својот стил.
ФОТО | Британците бесни: Кралското семејство не ja спомна Кејт Мидлтон во честитката по повод 8 март