Фото: Instagram / ovopatagonia

ФОТО+ВИДЕО | Хотел за најхрабрите: Дали би платиле 1.600 долари за да преноќите во капсули над провалија?

Хотелот „Ово Патагонија“ во Аргентина може да се опише како сместување само за најхрабрите, имајќи предвид дека стигнувањето до таму вклучува планинарење и преноќување во капсули кои висат над провалија.

Сместувањето се состои од проѕирни капсули кои висат од карпа на речиси 275 метри височина. Пристапот вклучува пешачење длабоко во аргентинската Патагонија, проследено со планинска патека „виа ферата“. Потребни се појаси, шлемови и значителна количина на храброст за искуството.

„Сакаме да имаме уникатни искуства во контакт со височините и во контакт со нашето најинтимно искуство за излегување од нашата комфорна зона. Тоа е всушност нашиот слоган: излезeте од вашата комфорна зона со удобност“, изјавил Езекиел Руте, ко-основачот на хотелот, за „Форбс“.

Аргентинскиот авантурист повеќе од една деценија практикува одење со сајла меѓу планините, заедно со ко-основачот на хотелот, архитектот Луис Апарисио.

Фото: Instagram / ovopatagonia

Заедно со идејата да ги запознаат оние што не се качуваат со убавините на стоењето над празнината, адреналинскиот наплив на соочување со стравот и хипнотизирачкото задоволство од гледањето во високите облаци, парот сакаше да создаде уметничка инсталација која во иднина би било лесно да се отстрани.

По повеќе од три години работа со специјализиран тим од планинари, инженери и геомеханички техничари, во декември го отвораат како што најавуваат највисокиот хотел во светот и најизложен на природните сили. Она што го нудат е многу повеќе од ноќно гледање ѕвезди во Патагонија.

Иако ветрот е речиси загарантиран, а вртоглавицата е реална можност, Руте нагласува дека „Ово Патагонија“ е за секој луксузен патник со разумно ниво на фитнес и чувство за авантура. Искусни планински водичи ги придружуваат гостите нагоре и надолу, доставуваат вечера и појадок и спијат во близина со вклучено радио. Гостите можат да ги контактираат во секое време доколку им треба одредено уверување.

Гостите може да резервираат ноќевање во хотелот од 1.600 долари за двајца, заедно со три ноќевања (кои не се вклучени во сумата) во блиското сместување „Естанциа Бонанза“. Искуството започнува во градот Ел Чатлен, од каде што гостите одат во главната ложа, каде што им даваат ранци и опрема. Оттаму, тоа е околу еден час пешачење до просторот за поставување, по што следи пет минути одење преку планинскиот пат (систем од платформи и скали) што ги носи до нивната капсула.

Фото: Instagram / ovopatagonia

Секоја од четирите капсули има дизајн на три нивоа и многу карактеристики на луксузните хотелски соби. На највисокото ниво има кревет кој го исполнува најголемиот дел од просторот. Средното ниво е за дневната соба, мала трпезариска маса и бањата во која има тоалет и проточна вода за мијалник. Мрежата слична на нишалка на најниското ниво нуди уште една област за одмор.

Инженерите ги документираа нивните студии и процес и сите беа потврдени од врвни инженерски училишта, со што се нуди безбедност за секој кој може да биде загрижен за лабавите завртки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот