Фото: Принтскрин/Јутјуб

ФОТО+ВИДЕО | Го носела пред да загине: Историскиот накит „Лебедово езеро“ на принцезата Дијана оди на аукција

Комплет ѓердан и обетки нарачани од принцезата Дијана кон крајот на 1990-тите ќе бидат продадени на аукција во Њујорк на 27 јуни.

Во 1997 година, принцезата Дијана се сретнала со „Крунски накит“ (Crown Jeweller) за да се договорат за плановите за изработка на накит од дијаманти и бисери од Јужното Море. Неколку месеци подоцна, принцезата позната како икона на стилот, го носела ѓерданот на изведбата на „Лебедово езеро“ во лондонскиот „Ројал Алберт хол“, а фотографиите од Дијана од таа вечер се појавија на сите насловни страници на списанијата.

Комлетот, кој се проценува дека ќе се продаде по цена помеѓу 5 и 15 милиони долари, се состои од некои исклучително вредни детали. Ѓерданот содржи 178 дијамнати, со вкупна тежина од речиси 50 карати. Обетките се со слична форма: 30 дијаманти се поделени како додаток на шест маркизни дијаманти и два соодветни култивирани бисери.

Неколку дена по балетот, златарот побарал од Дијана да го врати ѓерданот бидејќи не ги довршил обетките до датумот на настанот и му биле потребни за да се осигура дека камењата и бисерите во парот беспрекорно се совпаѓаат. До крајот на тоа лето, обетките биле готови, а заедно со ѓерданот, дуото станало познато како „Swan Lake Suite“. Токму кога златарот се подготвувал да и го подари комплетниот сет на Дијана, таа загинала во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.

Накитот требало да биде подарок од тогашниот партнер на принцезата, Доди Фајед, кој загина во истата сообраќајна несреќа. Две години по нивната смрт, семејството на Дијана го овластило златарот да го продаде комплетот за накит „Лебедово езеро“.

„Крунски златар“ контактирал со аукциската куќа „Гернзи“ во 1999 година, а комплетот подоцна бил продаден на њујоршка компанија. Накитот на крајот бил продаден на сегашниот сопственик, угледно семејство од Украина. Семејството го чувало накитот во своја сопственост повеќе од една деценија, но разорот на војната во европската земја влијаел врз бизнисот на сопствениците, што ги натерало да ги вратат накитот во аукциската куќа „Гернзи“ за нови потенцијални купувачи. Дел од приходите од продажбата ќе бидат искористени за помош во обновата на Украина, се наведува на веб-страницата на аукционерот.

ФОТО+ВИДЕО | Соборува рекорди: Култниот фустан на принцезата Дијана продаден за 600.000 долари

Детали од прославата на последниот роденден на принцезата Дијана: Американски милијардер ѝ се додворувал, бизнисмен сакал да се фрли од мостот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот