
ФОТО+ВИДЕО: Фантастичен Иџе, „Летечкиот“ Македонец второпласиран во Имола
Продолжува успешната традиција на добри резултати на македонскиот автомобилист на легендарната Имола во рамките од Италија ТЦР шампионатот.
Препорачано
Игор Стефановски во денешната прва трка викендов го освои второто место (+0.816) зад најдобриот Кевин Чекон од Италија.
Инаку во вчерашните квалификациите нашиот натпреварувач имаше четврто најдобро време.
На третата позиција заврши Евгениј Леонов од Русија, а на четвртото место е Никола Балдан од Италија.
Редоследно од петтата од 10 позиција се најдоа Анти Бури (Финска), Салваторе Тавано (Италија), Волт Рубен (Естонија), Ерик Билјадори (Италија), Еторе Карминати (Италија) и Мишел Имберти (Италија).

Втората трка во Имола ќе се одржи в недела од 12.15 часот.
– Конечно возилото има добар сет-ап, тимот направи добра работа, навистина сум горд што доаѓам од една мала земја. Ова македонско знаме ќе се вее уште долго на тркачките патеки. Ви гарантирам дека на следните трки ќе биде уште подобро – рече Стефановски по денешната прва трка.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
25мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5