Фото: Jennifer Lopez/YouTube / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Џенифер Лопез „уловена“ како флертува со згоден маж на јахта: Многумина велат дека е подобар од Бен Афлек

На фотографиите кои се појавија на интернет и предизвикаа вистинска бура, Џенифер Лопез покажа дека дури и најголемите диви не се имуни на шармот на згодните и убави мажи, без разлика дали се познати или не.

На фотографиите се гледа како Џеј Ло како го слави својот роденден во нејзиниот препознатлив стил, таа танцува на луксузна јахта во впечатлив портокалов костим за капење, а потоа и во бела маица и шорц. Додека свири гласна музика, а шампањот „тече“, сите очи беа вперени во неа.

Но, среде целата таа гламурозна атмосфера, еден дискретен поглед кажуваше повеќе од целата монодрама.

Додека се движеше во ритамот на музиката, Лопез го привлече вниманието на елегантно облечен маж што стоеше во близина. Застана на момент, очигледно заинтригирана.

Со својата препознатлива самодоверба, се сврте кон него и го погледна, а фановите веднаш го препознаа тој поглед. И така, роденденската забава се претвори во момент на кокетна игра за која сите зборуваа.

Џеј Ло знае како да го врати вниманието кон себе

Не се случува секој ден Џенифер Лопез да дозволи некој друг да ѝ украде барем малку од вниманието. Но, обожавателите не можеа, а да не забележат како бестрашната ѕвезда одеднаш „го вклучи шармот“ во моментот кога го виде мистериозниот гостин.

Џеј Ло е од оние жени кои кога ќе влезат во некоја просторија сите очи се вперени кон неа. Со децении на сите настани таа не доаѓа само на забава – таа создава атмосфера.

Па обожавателите се пошегуваа дека овој маж сигурно бил нешто посебно бидејќи успеал за момент да ја разниша нејзината незаинтересираност.

По разделбата од Бен Афлек, Џенифер Лопез ужива во  нова фаза од животот. Без разлика дали поминува време со своите деца или се дружи со пријателите, таа јасно става до знаење дека овој период од нејзиниот живот е посветен на забава, слобода и можеби, малку флерт. Ако ова видео е некаков доказ, јасно е дека Џеј Ло не го изгубила својот шарм и точно знае кога и како да привлече нечие внимание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот